Двајца мажи од охридскиот регион биле лишени од слобода во Струга, откако полицијата утврдила дека едниот управувал автомобил и покрај активната забрана за возење, додека кај неговиот сопатник била пронајдена бела прашкаста материја.
Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2026 година, во 20:20 часот, на магистралниот пат Нова Пожарна во Струга, полициски службеници од ОВР Струга сопреле патничко возило „БМВ“ со кичевски регистарски ознаки.
Со возилото управувал М.Ј. (22) од селото Пешочани, охридско, а негов сопатник бил Д.Ѓ. (37) од Охрид.
При извршените проверки било констатирано дека 22-годишникот го управувал возилото и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило.
При прегледот на лицата, кај 37-годишниот сопатник била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Двајцата биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.








