ПРВ.мк
Балкан

ДРАМА НА НЕБОТО: Гром удрил во авионот во кој била познатата пејачка, таа се огласи: „Сè уште сум преплашена!“

ДРАМА НА НЕБОТО: Гром удрил во авионот во кој била познатата пејачка, таа се огласи: „Сè уште сум преплашена!“

Пејачката Александра Младеновиќ доживеала вистинска драма за време на летот од Белград кон Мостар, откако во авионот на компанијата „Ер Србија“ удрил гром поради неповолните временски услови.

Авионот безбедно слетал на аеродромот во Мостар, по што пејачката пристигнала во хотел и на социјалните мрежи открила колку била вознемирена од случувањето.

„Фала му на Господ што слетавме живи и здрави... Сè уште сум преплашена!“, напишала Младеновиќ на Инстаграм.

По слетувањето во Мостар, пејачката го продолжила патувањето кон Читлук, каде што имала закажан настап.

Сепак, поради ударот на гром, авионот веднаш бил повлечен од сообраќај за да се извршат детални технички проверки. Станува збор за летот JU634, а поради дополнителните проверки бил откажан и повратниот лет кон Белград, JU635, кој требало да полета истиот ден во 15:15 часот.

Од „Ер Србија“ потврдиле дека авионот бил погоден од гром за време на летот, појаснувајќи дека ваквата појава не е невообичаена во комерцијалниот воздушен сообраќај и дека современите патнички авиони се конструирани и сертифицирани за вакви ситуации.

Сепак, во согласност со безбедносните процедури, по слетувањето леталото било испратено на детална техничка проверка.

Од компанијата објасниле дека за прегледот било потребно дополнително време, поради што дошло до нарушување на сообраќајот на оваа линија. На патниците од откажаниот лет им бил обезбеден алтернативен превоз согласно процедурите на компанијата.

„Ер Србија“ им се заблагодарила на патниците за разбирањето и се извинила за евентуалните непријатности, нагласувајќи дека безбедноста на патниците и членовите на екипажот останува апсолутен приоритет.

Најнови вести