ПРВ.мк
Црна Хроника

ГО ФАТИЛЕ НА ДЕЛО: Прилепчанец бесправно сечел дрва - еве колкава штета предизвикал и што се заплени полицијата!

ГО ФАТИЛЕ НА ДЕЛО: Прилепчанец бесправно сечел дрва - еве колкава штета предизвикал и што се заплени полицијата!

Полициски службеници лишиле од слобода 43-годишен жител на Прилеп, откако бил затекнат при бесправна сеча на дрва во атарот на селото Слепче, во општина Долнени.

Како што информираат од полицијата, на 20 ноември 2026 година, околу 12:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го затекнале В.К. (43) како врши бесправна сеча на огревни дрва кои не биле жигосани.

При прегледот биле одземени 1,20 кубни метри огревно дрво, како и моторна пила.

Одземените предмети биле предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести