Продолжува поставувањето камери за видео надзор на јавните површини во градот. Нови камери се поставени и на спортскиот комплекс кој се наоѓа во близина на автобуската станица.
Информацијата ја објави градоначалникот Марко Колев на својот Фејсбук-профил, посочувајќи дека активностите се дел од напорите за заштита на урбаната опрема и зачувување на јавните простори.

Според објавата, камерите ќе овозможат 24-часовен видео надзор, со цел да се спречи оштетување на опремата и да се придонесе за поголема грижа за заедничките површини.

„Јавните простори се заедничко добро, а нивното зачувување е одговорност на сите нас. Чувај го градот убав!“, порача Колев.











