ПРВ.мк
Балкан

ТРАГЕДИЈА КОЈА ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Камион удрил 17-годишна девојка на пат кон училиште, таа починала - полицијата откри шокантни детали!

ТРАГЕДИЈА КОЈА ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Камион удрил 17-годишна девојка на пат кон училиште, таа починала - полицијата откри шокантни детали!

Седумнаесетгодишната Теодора Мирунa во четвртокот наутро тргнала кон училиште, не ни претпоставувајќи дека тоа ќе биде последниот ден од нејзиниот живот. На патот кон средното училиште „Јулија Хашдеу“ во Букурешт, таа била удрена од камион за собирање смет, кој потоа ја влечел околу 100 метри.

Според информациите од истрагата, девојката се движела по тротоарот со качулка на главата и мобилен телефон во раката. Кога стигнала до аголот на улицата и започнала да ја преминува коловозната лента, во неа удрил камион кој свртувал надесно.

Возилото ја закачило со задниот дел, по што ја влечело околу 100 метри, сè до местото каде што подоцна ја забележал случаен минувач.

Она што дополнително ја вознемирило јавноста е фактот што 26-годишниот возач не запрел по несреќата. Тој продолжил со својата работа и заминал да ги празни контејнерите кај блиските станбени згради.

Полицијата го пронашла дури повеќе од три часа по повикот до итната помош, во улицата Зизин, на околу пет минути возење од местото на трагедијата.

Возачот тврди дека не забележал дека удрил некого

За време на сослушувањето, 26-годишниот возач тврдел дека не забележал дека удрил и усмртил девојка. Според неговото објаснување, можно е Теодора да се нашла во мртвиот агол на камионот.

Во разговор со новинарите тој изјавил дека од работното место му се јавиле и му кажале да го паркира возилото, бидејќи некој ќе дојде да го провери.

„Ме повикаа од работа и ми рекоа да се паркирам, бидејќи некој ќе дојде да го прегледа камионот. Ништо повеќе. Ги прашав полицајците, а тие ми рекоа да почекам додека ги направат проверките. Не знам што да ви кажам. Излегува дека сум прегазил некого. И јас останав шокиран“, изјавил возачот.

Во моментот на несреќата тој бил сам во камионот, кој имал современ механизам за подигнување и празнење на контејнерите.

Истрагата проверува дали девојката носела слушалки

Истражителите се обидуваат да утврдат зошто Теодора не го слушнала камионот, кој произведува голема бучава. Една од можностите што се разгледуваат е дека во моментот на несреќата носела слушалки, но на местото не бил пронајден таков предмет.

Полицијата не ја исклучува можноста некој од минувачите да ги пронашол и да ги однел. Мобилниот телефон на девојката исто така бил пронајден од случаен минувач, кој го однел во полициска станица и го предал на полицијата.

Истражителите проверуваат и дали непосредно пред несреќата Теодора гледала во екранот на својот телефон.

Девојката лежела покрај местото за одлагање на отпадот сè додека не ја забележал минувач, кој веднаш повикал итна помош. За жал, лекарите кои пристигнале на местото не успеале да ја спасат.

Против возачот се води истрага, но според романските медиуми, тој се брани од слобода.

Пријателите ја чекале во училиште

Теодора била ученичка во трета година во средното училиште „Јулија Хашдеу“ во Букурешт. Неодамна наполнила 17 години, била членка на училишната театарска група и имала многу планови пред себе.

Веста за нејзината смрт ги потресла учениците и наставниците. Тоа утро сите ја очекувале на часовите, не знаејќи дека наместо вообичаена средба со пријателите, ќе мора да се простат од неа.

Нејзините другари и другарки веќе планирале и заеднички дочек на Новата година, кој требало да го прослават токму кај Теодора.

Трагедијата ги вознемирила и родителите на учениците од неколку средни училишта во Букурешт, кои сега бараат воведување дополнителни безбедносни мерки во близина на образовните установи, со цел да се спречат слични несреќи.

Најнови вести