ПРВ.мк
Сцена

ПО ОТКАЖУВАЊЕТО ВО СПЛИТ, НОВА ДРАМА ЗА ДИНО МЕРЛИН: Под знак прашалник и новогодишниот концерт во Бар - пејачот се огласи!

ПО ОТКАЖУВАЊЕТО ВО СПЛИТ, НОВА ДРАМА ЗА ДИНО МЕРЛИН: Под знак прашалник и новогодишниот концерт во Бар - пејачот се огласи!

По откажувањето на концертот на Дино Мерлин на Сплитската рива, кој требаше да се одржи на 30 декември во рамките на „Адвент“, сега се појавија информации дека неизвесен е и неговиот настап во Црна Гора.

Според медиумските извештаи, во Бар се разгледува можноста за откажување на концертот на познатиот пејач, планиран за репризата на Новата година.

Како причина се наведуваат високите трошоци за организација на настапот. Според извор на кој се повикува српскиот портал „Телеграф“, хонорарот на Мерлин, заедно со неговата техничка листа со барања, надминува 300.000 евра.

„Општина Бар не може да издвои толку пари за организација на концертот, бидејќи тоа го надминува буџетот со кој располага. Меѓу жителите на Бар сè погласно се зборува за оваа сума, а дел од нив изразиле незадоволство поради трошокот што градот би требало да го направи“, тврди изворот за „Телеграф“.

Според истите информации, претставници на Општина Бар веќе стапиле во контакт со менаџментот на пејачот, со барање да се намалат неговите технички барања и вкупните трошоци поврзани со настапот.

Доколку не биде постигнат договор и не дојде до значително намалување на трошоците, постои можност концертот да биде откажан.

Конечната одлука, според медиумските извештаи, се очекува да биде позната во наредните неколку дена. Засега нема официјална потврда дека настапот во Бар дефинитивно е откажан.

Најнови вести