Вељко Пиљикиќ, сопругот на пејачката Сека Алексиќ, со години има препознатлив изглед, но една фотографија што пејачката ја споделила со своите следбеници покажала како изгледа без брада.
Тој во таа прилика ја скратил косата и целосно ја избричил брадата, па многумина едвај го препознале. Неговиот изглед бил значително поинаков од оној на кој јавноста е навикната.
Сека и Вељко веќе долги години се во хармоничен брак, а пејачката еднаш открила и како се грижи за сопругот и на кој начин му покажува љубов.

„На сопругот секојдневно му приредувам мали изненадувања што тој ги почитува и ги сака. Сакам секој ден да се чувствува како крал во своето кралство, а јас како негова кралица. Сакам да му овозможам сè и сè да му биде на дофат“, изјавила таа.
Пејачката открила и дека најмногу сака да го изненадува кога останува сама со децата. Тогаш Вељко очекува да јаде нешто што останало од претходниот ден или да испие протеин, бидејќи мисли дека Сека нема време да му подготви оброк.
„Секогаш ме вика или така или со ‘љубов’, никогаш не ме нарекува Сека. А кога ќе се врати дома, го чекаат три јадења на масата. Уживам додека го гледам. Подарок секој може да купи, но во ваквите моменти навистина ја покажуваш љубовта и посветеноста“, раскажала пејачката за магазинот „Свет“.








