ПРВ.мк
Црна Хроника

НАПРАВИЛ ХАОС: Прво ограбил човек со кој седел, потоа нападнал жена на улица – драмата продолжила!

НАПРАВИЛ ХАОС: Прво ограбил човек со кој седел, потоа нападнал жена на улица – драмата продолжила!

Полицијата во Крушевац го уапси Б. М. (29) од околината на градот, кој е осомничен за тешка кражба и загрозување на сигурноста по неколку инциденти што се случиле во текот на вчерашниот ден.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Србија, осомничениот најпрво во угостителски објект украл торбичка од масата на која седел 48-годишен маж.

Потоа, на улица пресретнал 32-годишна жена и насилно ѝ ја истргнал чантата од раката.

Покрај кражбите, постои сомнение дека Б. М. фрлал камен кон возило кое било во движење, при што го оштетил предното ветробранско стакло.

По налог на Основното јавно обвинителство во Крушевац, на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. По истекот на овој рок, со кривична пријава за тешка кражба и загрозување на сигурноста, ќе биде приведен пред надлежниот обвинител.

Истрагата треба да ги утврди сите околности поврзани со случаите.