ПРВ.мк
Црна Хроника

ЕДЕН РАБОТЕН ДЕН ЗАВРШИ ТРАГИЧНО: Работник загина на градилиште - еве што откри полицијата!

ЕДЕН РАБОТЕН ДЕН ЗАВРШИ ТРАГИЧНО: Работник загина на градилиште - еве што откри полицијата!

Педесетгодишен маж го загубил животот по пад од висина на градилиште, каде што се изведувале градежни работи за изградба на станбено-деловен објект.

Полицијата била известена за несреќата во 14:05 часот, откако било пријавено дека мажот паднал од висина на градилиштето на поранешната текстилна индустрија „Летекс“.

Според неофицијалните информации на српските медиуми, станува збор за маж на возраст од околу 50 години, кој по несреќата бил итно пренесен во Општата болница, но лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт.

Надлежните служби треба да ги утврдат околностите под кои се случила несреќата.