Шеснаесетгодишно момче е повредено откако било удрено од автобус во сообраќајна несреќа што се случила вечерва, дознава српскиот медиум „Блиц“.
Екипа на Итната медицинска помош веднаш пристигнала на местото на настанот и му укажала помош на повредениот тинејџер.
Според неофицијалните информации, момчето било во свесна состојба кога со возило на Итната помош било пренесено во болницата „Тиршова“.
Засега не е познат степенот на повредите, ниту се соопштени околностите под кои се случила несреќата. Се очекуваат повеќе информации за случајот.






