ПРВ.мк
Црна Хроника

УАПСЕН ДИЛЕР, ПОЛИЦИЈАТА ОТКРИ ШТО КРИЕЛ КАЈ СЕБЕ – пронајдени повеќе сомнителни предмети!

УАПСЕН ДИЛЕР, ПОЛИЦИЈАТА ОТКРИ ШТО КРИЕЛ КАЈ СЕБЕ – пронајдени повеќе сомнителни предмети!

Полицијата во Белград уапсила 31-годишен маж со иницијали Ѓ.Ќ., поради сомнение дека неовластено произведувал и продавал наркотични дроги.

Акцијата ја спровеле припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград, односно Полициската станица Обреновац, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград.

При претресот кај осомничениот биле пронајдени 31 пакетче со кафеава прашкаста материја за која постои сомнение дека е хероин, две пакетчиња со материја налик на амфетамин и три пакетчиња со зелена растителна материја за која се сомнева дека е канабис.

Според полицијата, постојат сомненија дека дрогата претходно ја набавил и ја подготвувал за понатамошна продажба.

Кај 31-годишникот биле пронајдени и пари, како и два мобилни телефони за кои истражителите се сомневаат дека ги користел при продажбата на наркотичните средства.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. По истекот на рокот, со кривична пријава ќе биде изведен пред надлежното обвинителство.