ПРВ.мк
Црна Хроника

ВО ТЕК Е ТРКА СО ВРЕМЕТО: Шестгодишно дете паднало во река, спасувачите започнаа голема потрага!

ВО ТЕК Е ТРКА СО ВРЕМЕТО: Шестгодишно дете паднало во река, спасувачите започнаа голема потрага!

Во тек е интензивна потрага по шестгодишно дете кое паднало во реката Рибница, информираат од Службата за заштита и спасување.

Командирот на Службата за заштита и спасување на Главниот град, Никола Бојановиќ, за телевизијата „Вијести“ изјавил дека родителите го пријавиле случајот во 14:07 часот. Веднаш биле активирани спасувачките екипи, кои со чамци и друга опрема пребаруваат на повеќе локации.

Потрагата се одвива во исклучително тешки услови поради многу високото водостој на реките Рибница и Морача, што дополнително ја отежнува спасувачката акција.

Спасувачите се распоредени на неколку точки, меѓу кои Скалине, мостот Капаџиќ и населбата Коник, во обид да го пронајдат детето.