ПРВ.мк
Свет

ДРАМАТИЧНИ СЦЕНИ ПО СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС: Луѓето ги напуштија домовите и излегоа на улиците - еве каде беше епицентарот!

ДРАМАТИЧНИ СЦЕНИ ПО СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС: Луѓето ги напуштија домовите и излегоа на улиците - еве каде беше епицентарот!

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Перу, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).

Според податоците на Перуанскиот геофизички институт, епицентарот бил во андскиот регион Хунин, на длабочина од 129 километри. Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Лима, пренесува „Ројтерс“.

Потресот предизвикал вознемиреност кај жителите на Лима, од кои голем број излегле на улиците од страв од можни последователни потреси.

Телевизиските снимки покажале и пратеници кои ја напуштаат зградата на Конгресот за време на земјотресот.

Засега во објавените информации нема детали за евентуални повредени лица или материјална штета.

Најнови вести