ПРВ.мк
Свет

Рекордна бројка што ги крена алармите – Германија влегува во нова финансиска криза

Рекордна бројка што ги крена алармите – Германија влегува во нова финансиска криза

Јавниот долг на Германија во 2025 година бележи раст од шест проценти и достигнал 2,66 трилиони евра, покажуваат најновите официјални податоци. Во споредба со 2024 година, вкупното задолжување е зголемено за 151 милијарда евра, додека само во последниот квартал од годината долгот пораснал за 50,8 милијарди евра.

Според објавените бројки, федералната влада на крајот од 2025 година должела 1,84 трилиони евра, а само во четвртиот квартал презела нови задолжувања од 32,2 милијарди евра. Долгот на германските покраини достигнал 624,6 милијарди евра, додека локалните власти имале обврски од 196,3 милијарди евра.

Растот на долгот доаѓа во период кога германските власти насочуваат повеќе средства кон инфраструктура, климатски мерки и одбрана. Во исто време, по политичките договори во 2025 година беше отворен пат за поголеми задолжувања со цел да се поддржи економијата и да се финансираат долгорочни инвестиции.

Во рамки на тие промени, Германија предвиде и специјален фонд од 500 милијарди евра за инфраструктура и климатски политики во следната деценија, а беа олеснети и ограничувањата за задолжување поврзани со одбраната.

Растот на јавниот долг веќе предизвикува критики во дел од германската јавност. Претставници на даночните обврзници предупредуваат дека, и покрај високите приходи, државното задолжување се движи кон нови рекордни нивоа и бараат повнимателна фискална политика.