Четириесетгодишен маж од Тетовско бил приведен откако неговата поранешна партнерка пријавила дека во текот на еден месец постојано ја следел и вознемирувал.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Т.Ц. на 9 ноември 2026 година, во 14 часот, во Тетово.
Претходно, во полиција случајот го пријавила 40-годишна жена, исто така жителка на тетовско село. Таа навела дека во текот на последниот месец била постојано следена и вознемирувана од нејзиниот поранешен партнер.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против 40-годишникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.





