Денот започна убаво, исполнет со детска љубопитност, насмевки и инспиративни разговори! Општината денес имаше особено задоволство да биде домаќин на учениците од IV одделение од ООУ „Тоде Хаџи Тефов“.
Малите гости имаа ретка и возбудлива можност директно да се сретнат со градоначалникот и да му постават низа интересни прашања. Низ отворен и срдечен разговор, тие се интересираа за неговата секојдневна работа, функционирањето на локалната самоуправа, надлежностите на општината, како и за начинот на кој се носат одлуките што се важни за секојдневниот живот на сите граѓани.
Преку ваквите едукативни средби, децата од најрана возраст имаат можност одблизу да се запознаат со институциите и работата на општината. Истовремено, ова е одлична прилика тие да ги споделат своите размислувања, да научат повеќе за значењето на локалната демократија и да ја сфатат важноста на активното учество во заедницата во која растеме.





