ПРВ.мк
Црна Хроника

МУ ВЕТИЛ СОЦИЈАЛЕН НАДОМЕСТОК, ПА МУ ЗЕЛ 400 ЕВРА: Маж наседнал на лажно ветување!

МУ ВЕТИЛ СОЦИЈАЛЕН НАДОМЕСТОК, ПА МУ ЗЕЛ 400 ЕВРА: Маж наседнал на лажно ветување!

Седумдесет и четиригодишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен за 400 евра од лице кое му ветило дека ќе му помогне да добие паричен надоместок за помош и нега од друго лице.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Тетово, во февруари 2026 година, Ш.А. од селото Доброште му понудил на повозрасниот маж да посредува за остварување на неговото право на надоместок преку Центарот за социјални работи во Тетово.

За наводната услуга, осомничениот му побарал и му наплатил 400 евра, ветувајќи му дека ќе му помогне да ја добие финансиската поддршка.

Меѓутоа, и покрај тоа што поминале неколку месеци, 74-годишникот не добил никаква информација за постапката, ниту пак парите му биле вратени. Откако сфатил дека најверојатно бил измамен, на 5 ноември случајот го пријавил во полиција.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.