Педесет и едногодишен жител на тетовското село Требош бил приведен откако влегол во основно училиште и физички нападнал двајца малолетни ученици, при што им упатил и вербални закани.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 9 ноември 2026 година, околу 9 часот, за време на големиот одмор.
Б.Х. влегол во училишните простории, по што ги нападнал двајцата ученици и им се заканувал.
По пријавениот инцидент, полициски службеници од Полициското одделение Групчин презеле мерки и го лишиле од слобода во 18:10 часот.
Тој бил задржан во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.






