Денот во Општина Кавадарци продолжи со уште една убава средба и топло дружење со најмладите граѓани.
Овој пат во посета беа учениците од IV одделение од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ од Ваташа, кои имаа единствена можност лично да се сретнат со градоначалникот и од блиску да се запознаат со работата и функционирањето на локалната самоуправа.
Со многу љубопитност, детски ентузијазам и голем интерес, учениците поставуваа прашања за тоа кои се надлежностите на градоначалникот, како работи општината, на кој начин се носат важните одлуки и како се води грижа за потребите на сите жители во заедницата.
Ваквите средби се одлична можност за учење преку пракса, размена на креативни идеи и поттикнување на свеста кај најмладите за нивното активно учество и улога во заедницата.





