ПРВ.мк
Свет

ЗБОГУМ ДУБАИ, ДОБРЕДОЈДЕ МИЛАНО: Светските милијардери панично го напуштаат Заливот – еве зошто Италија стана новиот луксуз!

ЗБОГУМ ДУБАИ, ДОБРЕДОЈДЕ МИЛАНО: Светските милијардери панично го напуштаат Заливот – еве зошто Италија стана новиот луксуз!

Ерата на Дубаи како неприкосновен центар за светската елита полека, но сигурно згаснува. Додека песочните дини на Емиратите беа симбол за луксуз без даноци, најновите геополитички потреси на Блискиот Исток го сменија текот на парите. Милано, италијанската престолнина на модата и финансиите, сега го презема тронот како „новиот рај“ за ултрабогатите.

До пред само еден месец, Дубаи беше логичен избор за секој што сакаше да заработи милиони без да плати денар данок. Но, откако Обединетите Арапски Емирати се најдоа под директен удар на ирански ракети, безбедноста стана поважна од шопингот. Милијардерите повеќе не се чувствуваат сигурни во своите луксузни пентхауси, па масовно почнаа да бараат излез кон Европа.

Зошто токму Милано? Одговорот е едноставен: „Рамен данок“ од 300.000 евра. Италијанскиот систем им дозволува на странските жители да плаќаат фиксна годишна сума без разлика колку милијарди заработуваат низ светот. За некој што поседува империи, оваа сума е занемарлива во споредба со луксузот и квалитетот на живот што ги нуди Италија. Досега, над 5.000 мултимилионери веќе ја искористиле оваа шанса и се преселиле во италијанските метрополи.

Приливот на овие „тешки“ имигранти веќе направи хаос на пазарот на недвижности. Цените во најелитните населби на Милано, како Брера и Сан Марко, се зголемија за вртоглави 38% во последните пет години. Милано ја престигна дури и легендарната Венеција, станувајќи најскапиот град во Италија. Ако порано сонот беше стан на плажа во Дубаи, сега новиот статус-симбол е историска резиденција во близина на Дуомо.

Најнови вести