ПРВ.мк
Свет

ДРЖАВАТА СО ГОЛЕМА МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРАНСКИТЕ СТУДЕНТИ

ДРЖАВАТА СО ГОЛЕМА МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРАНСКИТЕ СТУДЕНТИ

Австралија најавува промени во правилата за меѓународните студенти, со кои треба да се ограничи можноста тие да вклучуваат членови на семејството во своите визи.

Австралискиот министер за внатрешни работи Тони Бурк соопшти дека мерката е дел од планот на Владата за намалување на миграцијата во земјата. Според најавата, ограничувањето треба да се однесува на меѓународните студенти и на визите поврзани со постдипломски студии, но се предвидува разгледување и на одредени исклучоци.

Бурк нагласи дека промените нема да значат разделување на семејствата кои веќе престојуваат во Австралија. Лицата чии членови на семејството веќе се вклучени во визата ќе можат да го задржат постојниот статус додека се во земјата, освен ако во меѓувреме не стекнат право на постојана виза.

Австралија е една од државите со бројна македонска заедница. Според пописот од 2021 година, 111.352 жители се изјасниле дека имаат македонско потекло, додека 66.173 навеле дека зборуваат македонски јазик во својот дом.

Македонските организации и активисти во Австралија, пак, проценуваат дека реалниот број лица со македонско потекло е значително поголем и според неофицијални проценки може да достигнува и до 300.000.