На Меѓународниот аеродром Скопје бил приведен 46-годишен маж, откако при проверка во неговиот рачен багаж биле пронајдени куршуми.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 17 септември околу 15:00 часот, полициски службеници на граничниот премин на скопскиот аеродром го привеле А.Џ. (46) од скопското село Вртекица.
При контролата на рачниот багаж, полицијата пронашла седум парчиња муниција со калибар од 9 милиметри.
Мажот бил приведен од полициските службеници, а случајот се документира.






