ПРВ.мк
Црна Хроника

КОЛЕГИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ СЕ ПРОСТУВААТ ОД НЕА: Почина наставничката по математика од скопско основно училиште

КОЛЕГИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ СЕ ПРОСТУВААТ ОД НЕА: Почина наставничката по математика од скопско основно училиште

Со длабока тага од ООУ „11 Октомври“ во Скопје ја соопштија веста за смртта на нивната колешка Николина Ивановска, наставничка по математика.

Од училиштето се простија од својата колешка, истакнувајќи дека ќе остане запаметена по професионалноста, колегијалноста и посветеноста во работата, како и по желбата своето знаење несебично да им го пренесува на помладите генерации.

„Нејзиниот придонес кон нашето училиште и образованието на многу генерации ќе остави трајна трага“, се наведува во објавата на училиштето.

Од ООУ „11 Октомври“ изразија искрено и длабоко сочувство до семејството и најблиските на Ивановска, како и до нејзините колеги и ученици.