Голема трагедија го потресе бугарскиот фудбал откако поранешниот напаѓач на Локомотив Пловдив, Христо Спасов, ненадејно почина на 42-годишна возраст, само неколку минути по завршувањето на натпревар.
Спасов настапувал за Чико од Бјага на натпревар од регионалната лига против Лесичов, кој неговиот тим го загубил со 4:2.
Токму 42-годишниот фудбалер ги постигнал двата погодоци за својот тим. Но, само неколку минути по последниот судиски свиреж, во соблекувалната му се слошило и се онесвестил.
Лекарот кој бил присутен на натпреварот веднаш реагирал, а набрзо пристигнала и екипа на Итната помош од Пештера. И покрај обидите да му помогнат, Спасов починал.
Според првичните информации, како причина за смртта се наведува масивен срцев удар.
Во текот на својата фудбалска кариера, Христо Спасов настапувал за повеќе бугарски клубови, меѓу кои Локомотив Пловдив, Велинград, Локомотива Септември, Ботев Враца, Хебар Пазарџик, Спартак Плевен и Септември Софија.
Неговата ненадејна смрт предизвика шок и тага во бугарската фудбалска јавност.










