ПРВ.мк
Спорт

МАКСИМ АРСОВСКИ Е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН: Златен медал за македонскиот теквондист во Ниш

МАКСИМ АРСОВСКИ Е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН: Златен медал за македонскиот теквондист во Ниш

дличен успех за македонскиот теквондо спорт во Ниш, каде Арсовски, член на Теквондо клубот „Штип“, се искачи на највисокото место на пиедесталот по две убедливи победи.

Во полуфиналната борба Арсовски го совлада претставникот на Србија со 2:0, а во финалето беше подобар и од натпреварувачот од Турција, исто така со максимални 2:0.

Од Теквондо клубот „Штип“ информираат дека на натпреварувањето во Ниш ќе настапат и Антонио Арсовски, Душица Бреслиева и Паола Арсовска.

На Европските мулти-игри годинава учествуваат вкупно 1.967 натпреварувачи од 536 клубови, со поддршка од 507 тренери. Во Ниш се присутни спортисти, тренери и делегации од бројни европски и други земји, со што турнирот е меѓу позначајните меѓународни теквондо натпреварувања во овој период.