ПРВ.мк
Економија

ВАЖНА ПРОМЕНА ЗА ВОЗАЧИТЕ: Владата го намалува ДДВ-то за горивата на 10 проценти - еве за колку денари!

ВАЖНА ПРОМЕНА ЗА ВОЗАЧИТЕ: Владата го намалува ДДВ-то за горивата на 10 проценти - еве за колку денари!

Владата донесе одлука за намалување на данокот на додадена вредност за горивата од досегашните 18 на 10 проценти, со цел да се ублажи растот на цените и финансискиот товар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба.

Според владините пресметки, мерката значително ќе го намали ценовниот удар што се очекува кај горивата. Кај нафтата, наместо очекуваното поскапување од околу пет денари, се очекува намалување од околу два денари. Со тоа, ценовниот удар би бил ублажен за околу седум денари, а новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.

Кај бензините се очекува зголемување од околу 3,5 денари, па цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 би достигнала околу 100,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 би се продавал по цена од околу 102,5 денари за литар.

Намалената даночна стапка од 10 проценти ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Од Владата велат дека со оваа мерка се преземаат конкретни чекори за заштита на животниот стандард на граѓаните и поддршка на стопанството, особено во услови на можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.