ПРВ.мк
Економија

ГОЛЕМА ВЛАДИНА ПОДДРШКА: Домашните компании може да добијат до 500.000 денари - еве кои услови треба да ги исполните!

ГОЛЕМА ВЛАДИНА ПОДДРШКА:   Домашните компании може да добијат до 500.000 денари - еве кои услови треба да ги исполните!

Домашните компании имаат уште неколку дена да се пријават на двата јавни повика на Министерството за економија и труд, преку кои се обезбедува финансиска поддршка за унапредување на производството, технолошките процеси и конкурентноста. Крајниот рок за поднесување на пријавите е во вторник.

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, информира дека преку двете мерки компаниите можат да добијат финансиска поддршка до 500.000, односно до 200.000 денари, при што Министерството покрива 70 проценти од прифатливите трошоци.

Првиот јавен повик е наменет за продлабочување на соработката меѓу производствените компании и универзитетите, со цел развој и унапредување на технологијата и технолошките процеси. Предвидено е воведување иновативни методи поврзани со циркуларната економија, дигитализацијата и паметната специјализација.

За оваа мерка се издвоени вкупно пет милиони денари, а право на учество имаат преработувачки компании кои ќе настапат во партнерство со универзитети. Поединечна компанија може да добие најмногу 500.000 денари, при што државата покрива 70 проценти од прифатливите трошоци.

Вториот јавен повик е наменет за домашните компании, а финансиската поддршка треба да се искористи за имплементација и стандардизација на процесите, како и за подобрување на конкурентноста.

За оваа мерка се обезбедени два милиони денари, додека поединечна компанија може да добие најмногу 200.000 денари, со покривање на 70 проценти од прифатливите трошоци.

Ристески посочува дека интересот за ваквите мерки е голем, бидејќи тие им овозможуваат на компаниите да го модернизираат производството, да го подобрат квалитетот и да воведат европски стандарди, како и нови дигитални решенија и практики поврзани со паметната специјализација.

Според него, поддршката за домашниот бизнис веќе дава резултати преку зголемување на индустриското производство и инвестициите, отворање нови производни капацитети и создавање нови работни места.