ПРВ.мк
Спорт

КАЈАКАРСКИ СПЕКТАКЛ ВО ВЕЛЕС! Денеска се возат трките од Државното првенство во спуст - еве кои се се натпреваруваат!

КАЈАКАРСКИ СПЕКТАКЛ ВО ВЕЛЕС! Денеска се возат трките од Државното првенство во спуст - еве кои се се натпреваруваат!

Градскиот парк во Велес денеска е во знакот на кајакот, спортскиот дух и адреналинот, каде попладнево започнаа натпреварите од Државното првенство во кајак спуст.

Натпреварите се одржуваат покрај реката Вардар и се предвидува да траат до 19 часот. Организатор е Кајакарската Федерација на Македонија, со поддршка од Општина Велес.

На програмата се натпревари во кајак спуст во пионерска и сениорска категорија, во машка и женска конкуренција. Кајакарите ќе се натпреваруваат и индивидуално и во тимски настапи.

Од Општина Велес ги повикаа граѓаните од сите генерации да го посетат Градскиот парк покрај Вардар, да ги поддржат натпреварувачите и заедно да уживаат во уште еден спортски викенд исполнет со адреналин и спортски дух.