ПРВ.мк
Спорт

ЕХФ со спектакуларна најава за враќањето на Вардар во европската ракометна елита (ВИДЕО)

ЕХФ со спектакуларна најава за враќањето на Вардар во европската ракометна елита (ВИДЕО)

По четиригодишна пауза, Вардар повторно се враќа на големата европска ракометна сцена, а Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одбележа камбекот на двократниот европски шампион со посебно видео.

Во објавата се прикажани дел од највпечатливите моменти од европската историја на „црвено-црните“, со потсетување на сезоните 2016/17 и 2018/19, кога Вардар двапати стигна до европскиот врв и го освои најпрестижниот клупски трофеј.

По четири години надвор од елитното натпреварување, македонскиот клуб повторно ќе има можност да се натпреварува со силни европски ривали.

Првиот натпревар Вардар ќе го одигра на 16 септември пред домашната публика, кога во Скопје ќе гостува француски Нант.

Во групната фаза „црвено-црните“ ги очекуваат и пресметки со германски Мелсунген и полскиот шампион Висла Плоцк.

Специјалното видео на ЕХФ дополнително ја зголеми атмосферата пред европското враќање на клубот кој зад себе има две титули во Лигата на шампионите.

По четири години чекање – Вардар повторно е меѓу европската ракометна елита.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА