ПРВ.мк
Свет

Утрово силен земјотрес во Грција, познат е епицентарот

Утрово силен земјотрес во Грција, познат е епицентарот

Земјотрес со јачина од 4,6 степени ја погоди Грција утрово, а потресот бил регистриран во западниот дел од земјата.

Според податоците на Сеизмолошката станица при Универзитетот „Аристотел“ во Солун, земјотресот бил регистриран во 10:46 часот по локално време, со епицентар на околу 10 километри југозападно од Агринио. Проценетата длабочина изнесувала околу 18 километри.

Првичните податоци од различни сеизмолошки извори може да се разликуваат во однос на точната локација и длабочината на потресот, бидејќи тие дополнително се ревидираат по обработката на податоците.

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.