ПРВ.мк
Македонија

Клековски со силна порака за 8 Септември: Секој на своето место, за подобра Македонија

Клековски со силна порака за 8 Септември: Секој на своето место, за подобра Македонија

Министерот за здравство Сашо Клековски, по повод 35 години од независноста на Македонија, беше дел од владината делегација која оддаде почит на истакнати државници кои оставија значаен белег во создавањето и развојот на современата македонска држава.

По покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Клековски, заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател Киро Глигоров, претседателот Борис Трајковски и првиот претседател на Владата Никола Кљусев.

Клековски истакна дека станува збор за тројца луѓе со различни животни и политички патишта, но обединети во одговорноста да ја водат државата во нејзините први и најтешки години.

„Триесет и пет години подоцна, вистинската почит кон нив не се цвеќето и говорите, туку работата – секој на своето место, за држава во која вреди да се остане“, порача Клековски.

Со оваа порака, министерот го одбележа Денот на независноста, нагласувајќи ја важноста на одговорноста, посветеноста и секојдневната работа во интерес на државата и нејзините граѓани.