ПРВ.мк
Црна Хроника

МВР СО НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ТЕШКАТА НЕСРЕЌА КАЈ ГОСТИВАР: Еден млад живот загубен - еве колку лица се тешко повредени!

МВР СО НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ТЕШКАТА НЕСРЕЌА КАЈ ГОСТИВАР: Еден млад живот загубен - еве колку лица се тешко повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 22:55 часот, на околу 500 метри од угостителски објект, при што едно лице го загубило животот, а уште тројца се повредени.

Според информациите од МВР, едниот автомобил „Голф“ бил управуван од 34-годишниот А.И. од село Чегране, а со него како сопатник бил 28-годишниот Х.К. од Гостивар. Со другиот „Голф“ управувал загинатиот Д.Н., а во возилото бил и неговиот врсник Ф.Ј. од Тетово.

Во несреќата, лекар од Итната медицинска помош на самото место констатирал смрт кај возачот Д.Н. Останатите три лица биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар, каде што им биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар. Надлежните продолжуваат со утврдување на сите околности под кои дошло до тешката сообраќајка.