ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА КОЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА: 5-годишно дете загина по удар од тротинет

ТРАГЕДИЈА КОЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА: 5-годишно дете загина по удар од тротинет

Трагедија го потресе бугарскиот град Сливен, откако петгодишно момче го загубило животот во несреќа во населбата „Надежда“.

Според првичните информации, инцидентот се случил кога 10-годишно дете, кое управувало електричен тротинет, ненамерно удрило во петгодишното момче. Од силниот удар, детето паднало и се здобило со исклучително тешки повреди.

И покрај обидите да му биде укажана помош, повредите биле фатални и петгодишното момче починало.

Полицијата ги утврдува сите околности под кои се случила трагедијата, додека надлежното обвинителство отворило истрага за случајот.