ПРВ.мк
Спорт

Македонија слави нов шампион: Марко Џорлев се искачи на светскиот врв во Пореч! 🥇🇲🇰

Македонија слави нов шампион: Марко Џорлев се искачи на светскиот врв во Пореч! 🥇🇲🇰

Македонскиот каратист Марко Џорлев освои златен медал на престижната Карате 1 Младинска лига во Пореч, Хрватска, откако триумфираше во категоријата до 63 килограми во кадетска конкуренција.

Во големото финале Џорлев го совлада Украинецот Иван Маценко со 4-3 и го освои најсјајното одличје.

До златото, младиот македонски каратист стигна со шест последователни победи. На патот до финалето беше подобар од претставници на Португалија, Германија, Словачка, Србија и Италија, а победничката серија ја заокружи со триумф во финалниот меч.

Со овој успех, Џорлев уште еднаш потврди дека припаѓа меѓу најдобрите млади каратисти во светот.

На годинашното издание на Карате 1 Младинската лига настапија 2.720 каратисти со 2.765 натпреварувачки настапи од дури 69 држави. 🇲🇰🥋