Денеска во 18 часот, македонската ракометна репрезентација ќе го одигра последниот натпревар на турнирот „Жолт Куп“, кој е дел од подготовките за Европското првенство.
Селекторот Кирил Лазаров и неговите играчи ќе ги одмерат силите против домаќинот Швајцарија, а победникот ќе го освои првото место на турнирот.
Претходно, нашите ракометари забележаа победи против Бахреин и Украина, како и денешниот противник, што го прави дуелот со Швајцарија последен тест пред настапот на Европското првенство, каде Македонија на стартот ќе се соочи со актуелниот светски и олимписки првак.
Дуелот помеѓу Македонија и Швајцарија можете да го гледате на овој ЛИНК
















