ПРВ.мк
Спорт

СИНОТ НА НБА ЛЕГЕНДАТА НАПРАВИ ЧУДО: Постигна 46 поени за 34 минути и урна рекорд стар 69 години!

СИНОТ НА НБА ЛЕГЕНДАТА НАПРАВИ ЧУДО: Постигна 46 поени за 34 минути и урна рекорд стар 69 години!

Младиот кошаркар Андреј Стојаковиќ, син на легендарниот НБА ас Пеѓа Стојаковиќ, одигра натпревар за паметење и испиша историја во американската универзитетска кошарка.

Дваесет и двегодишниот Андреј постигна неверојатни 46 поени за само 34 минути, предводејќи го Илиноис до убедлива победа од 99:78 против славниот Дјук.

Со оваа фантастична партија, Стојаковиќ стана најефикасниот гостински кошаркар во историјата на легендарната сала „Камерон Индор“, соборувајќи го рекордот на Грејди Валас, кој во далечната 1957 година постигнал 43 поени против Дјук.

Андреј остана на само два поени од апсолутниот рекорд на салата, кој со 48 поени го држи Дик Гроут уште од 1952 година.

Неговата статистика беше импресивна – погоди 14 од 21 шут од игра, две тројки од три обиди и 16 од 20 слободни фрлања, а запиша и шест скока и една асистенција.

Покрај индивидуалниот рекорд, Стојаковиќ стави крај и на неверојатната серија на Дјук од 35 последователни победи на домашен терен.

Интересно е што Андреј со своите 46 поени го надмина и личниот НБА рекорд на својот славен татко Пеѓа Стојаковиќ, кој во текот на професионалната кариера најмногу постигнал 42 поени на еден натпревар.

Неговата извонредна партија предизвика огромно внимание во американските спортски медиуми, а снимките од неговите потези брзо се проширија на социјалните мрежи.

Со ваквите настапи, младиот Стојаковиќ сè посилно го привлекува вниманието на кошаркарската јавност.