Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен го привлече вниманието не само поради присуството на светските лидери, туку и поради луксузните и специјално заштитени автомобили со кои тие се превезуваат.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја користи познатата оклопна лимузина „Cadillac One“, популарно наречена „Ѕверката“. Возилото, произведено од „General Motors“, е опремено со моќен V8 мотор и напредни безбедносни системи. Според одредени проценки, неговата потрошувачка достигнува дури 64 литри гориво на 100 километри.
Рускиот претседател Владимир Путин пристигнал со својата лимузина „Aurus Senat“, која ја користи од 2018 година. Станува збор за луксузен автомобил од руско производство, кој Путин често им го претставува на странските државници.
Кинескиот претседател Си Џинпинг, пак, се превезува со специјално изработениот модел N701 од домашниот бренд „Hongqi“, чие име во превод значи „Црвено знаме“.
Покрај претседателските лимузини, Кина обезбедила и голем број електрични и хибридни возила за останатите делегации.
Кинескиот производител „Hongqi“ испорачал речиси 700 автомобили, додека компанијата „BYD“ обезбедила дополнителни речиси 700 возила, меѓу кои повеќе од 600 минивани „Denza D9“.
На овој начин, кинеските домаќини настојуваат да го претстават технолошкиот напредок на домашната автомобилска индустрија и развојот на возила со ниски емисии.
Дополнително внимание привлече и претседателскиот авион на Трамп, „Boeing 747-8“, кој, според објавениот напис, бил подарок од Катар, со проценета вредност од околу 400 милиони долари.
Неговото користење предизвикало полемики во САД поради безбедносни, правни и етички прашања, како и потребата од дополнителни модификации за заштита на доверливите комуникации.






