ПРВ.мк
Свет

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВЕЧЕРВА? Голем прекин на интернетот во една од најразвиените земји во светот!

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВЕЧЕРВА? Голем прекин на интернетот во една од најразвиените земји во светот!

Големи проблеми со интернет-конекцијата вечерва, 18 ноември, се регистрирани во повеќе делови од Швајцарија, каде што корисниците на телекомуникацискиот оператор „Salt“ пријавиле прекини и отежнат пристап до интернет.

Според информациите објавени од швајцарската платформа за следење телекомуникациски нарушувања „SwissDown“, проблемите започнале околу 20 часот, а пријави пристигнале од дури 21 кантон.

Меѓу градовите во кои биле забележани прекини се Женева, Лозана, Цирих, Базел и Луцерн.

Во најинтензивниот период биле регистрирани 346 пријави од корисници за само 15 минути, што укажува на значително нарушување на услугите.

На социјалните мрежи бројни граѓани се пожалиле дека целосно ја изгубиле оптичката интернет-конекција, додека други пријавиле проблеми и со мобилниот интернет.

Особено голем број пријави биле забележани во Женева и Лозана.

Сепак, според достапните информации, не станува збор за целосен прекин на интернетот на територијата на Швајцарија. Националната телекомуникациска инфраструктура во најголем дел продолжила да функционира, а проблемите главно се поврзуваат со услугите на конкретниот оператор.

Причината за прекинот засега не е официјално потврдена. Нема ниту докази дека нарушувањето е последица на кибернапад или намерна саботажа.

Се очекуваат дополнителни информации за причините за проблемот и за целосното нормализирање на интернет-услугите.