ПРВ.мк
Спорт

СКАНДАЛ ВО ПОЗНАТ ФУДБАЛСКИ КЛУБ: Раскинаа договор со главниот спонзор поради порноактерка!

СКАНДАЛ ВО ПОЗНАТ ФУДБАЛСКИ КЛУБ: Раскинаа договор со главниот спонзор поради порноактерка!

Англискиот фудбалски клуб Лестер Сити се најде во центарот на голем скандал откако одлучи предвреме да го раскине спонзорскиот договор со криптоказиното „BC Game“, поради неговата соработка со познатата руска порноактерка Ева Елфи.

Одлуката следува по жестоките реакции на навивачите, кои изразија незадоволство откако компанијата на почетокот на ноември ја назначи актерката за нов амбасадор на брендот.

Особено внимание предизвика рекламно видео во кое се појавува Ева Елфи заедно со доставувач, придружено со двосмислена порака. Снимката собра повеќе од шест милиони прегледи на платформата X, но истовремено предизвика и бројни критики.

Навивачката организација „The Foxes Trust“ остро реагираше, оценувајќи дека поврзувањето на клубот со коцкањето и индустријата за возрасни е спротивно на вредностите што треба да ги претставува.

„Коцкањето и порнографијата можат да имаат разорно влијание врз животите на луѓето, особено врз младите“, предупредија од организацијата.

Под притисок на јавноста, Лестер и компанијата постигнале договор за предвремен прекин на соработката.

Но, клубот направи и необичен потег за да го намали незадоволството кај навивачите.

На сите што купиле дресови со логото на спорниот спонзор преку официјалните продажни канали, почнувајќи од 21 октомври, им е понудено целосно враќање на парите или замена на дресовите.

Понудата важи до 2 декември, а интересно е што се прифаќаат дури и носени и персонализирани дресови со имиња на фудбалерите.

Навивачите можат да ги вратат дресовите во клупската продавница на стадионот „Кинг Пауер“ или да ги испратат по пошта, при што клубот ги покрива стандардните поштенски трошоци.

Лестер веќе го одигра следниот натпревар против Хадерсфилд со дресови без логото на досегашниот спонзор.

Од „BC Game“ кратко се заблагодарија за досегашната соработка и им посакаа успех на клубот и неговите навивачи.