ПРВ.мк
Спорт

Бразил има голем проблем: Веќе 24 години не знае за победа над европска селекција во нокаут-фаза на Мундијал

Бразил има голем проблем: Веќе 24 години не знае за победа над европска селекција во нокаут-фаза на Мундијал

Бразил вечерва ќе ја има улогата на фаворит во осминафиналниот дуел против Норвешка, но статистиката открива податок што не им оди во прилог на петкратните светски шампиони.

Имено, Бразилците последен пат елиминирале европска репрезентација во нокаут-фазата на Светско првенство во 2002 година, кога ја совладаа Германија со 2:0 во големото финале и ја освоија светската титула.

Оттогаш, „кариоките“ имаат шест последователни елиминации од европски селекции. На тој список се Франција во 2006 година, Холандија во 2010 и 2014 година, Германија во 2014 година, Белгија во 2018 година и Хрватска во 2022 година.

Од друга страна, против репрезентации надвор од Европа имаат максимален ефект, со седум победи во исто толку натпревари во елиминациската фаза.

Иако обложувалниците му даваат предност на Бразил во пресметката со Норвешка, избраниците на Карло Анчелоти ќе имаат дополнителен мотив да ја прекинат негативната традиција која трае повеќе од две децении и повторно да елиминираат европска репрезентација на Светско првенство.