Василије Костов, 17-годишниот фудбалски бисер на Црвена Звезда, привлекува внимание не само во Србија, туку и во Европа. Каталонската Барселона покажала сериозен интерес за младиот играч, а нивните скаути редовно го следат во Белград.
Покрај Барса, во игра се и Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, но српскиот клуб е категоричен: трансфер под 20 милиони евра не доаѓа предвид за својот нов талент.
Иако Костов има македонски корени, настапот за српската репрезентација го заклучи неговото учество за Македонија, што го прави дефинитивно играч на Србија на меѓународната сцена.
Не дознавај последен - читај ПРВ.мк