ПРВ.мк
Свет

БУГАРИЈА подготвена да го отвори небото за Путин за средбата со Трамп во Будимпешта!

БУГАРИЈА подготвена да го отвори небото за Путин за средбата со Трамп во Будимпешта!

Бугарија нема да го блокира патот за рускиот претседател Владимир Путин доколку тој сака да присуствува на мировниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев.

Тој нагласи дека техничките детали, вклучително и пристапот до воздушниот простор, ќе се дискутираат откако средбата ќе биде официјализирана, бидејќи засега нема утврден датум за средбата.

– Кога се прават напори за мир, единствено логично е сите страни да можат да учествуваат. Како инаку би се одржал состанокот ако еден од учесниците не може да стигне до Будимпешта? – рече Георгиев.

Министерот додаде дека Софија ќе го поддржи 19. пакет санкции на ЕУ против Русија и дека Бугарија продолжува да ја поддржува Украина и на воено и на техничко ниво, без да попречува дипломатски иницијативи за постигнување мир.

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape