ПРВ.мк
Магазин

„Подземниот град“ на Тито – ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА во Далмација! Ова се деталите

„Подземниот град“ на Тито – ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА во Далмација! Ова се деталите

Во кањонот Велика Пакленица, близу Стариград во Далмација, меѓу 1950. и 1952 година, во строга тајност бил изграден подземен комплекс кој требало да служи како засолниште и логистичка база во случај на војна помеѓу Југославија и Советскиот Сојуз. Југословенскиот претседател Јосип Броз – Тито сериозно стравувал од можен конфликт, особено откако СССР произведе атомска бомба во 1949 година.

Комплексот бил изграден со најголема дискретност, а работниците – војници, цивили и дури затвореници – биле заколнати на доживотен молк. Тунелите, со бетонски ѕидови дебели еден и пол метар, имале два влеза и се протегале на речиси 2.000 квадратни метри, вклучувајќи ходници, сали, технички простории, резервоар за вода и „Титовата соба“ – најобезбедената просторија со четири метри дебели ѕидови, кујна и бања.

По смртта на Сталин во 1953 година, тунелите биле запечатени и останале затворени до 90-тите години, кога Хрватската армија ги презела. Во време на војните по распадот на Југославија, комплексот служел како складиште, а подоцна преминал под управување на Националниот парк Пакленица.

Денес „Подземниот град Пакленица“ е современ и интерактивен Центар за посетители. Во три големи сали, туристите можат да се запознаат со геологијата, флората, фауната и локалните обичаи на Велебит, како и со планинарските достигнувања во регионот. Еден дел од центарот е посветен на самиот бункер, а посетителите можат да уживаат и во кафе-бар сместен во подземниот комплекс.

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape