ПРВ.мк
Свет

Папата Лав XIV се сретна со преживеаните од СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ во католичката црква- ова се деталите!

Папата Лав XIV се сретна со преживеаните од СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ во католичката црква- ова се деталите!

Папата Лав Четиринаесетти одржа значајна средба со претставници на организацијата „Крај на злоупотребата од страна на свештениците“ (Ending Clergy Abuse), меѓународна мрежа на жртви кои преживеале сексуално злоставување од страна на свештеници. На разговорот присуствуваа четири жртви и двајца активисти, кои го споделија својот тежок пат и искуства.

Во последните денови, Комисијата за заштита на децата на Ватикан критикуваше дел од високите црковни претставници за недоволна брзина во поддршката на жртвите и за недостаток на информации за тоа како да го пријават насилството. Некои бискупи кои покажале неодговорност, се уште не се соочиле со санкции.

Католичката црква, со повеќе од 1,4 милијарди верници, со децении се соочува со скандали поврзани со сексуално злоставување и прикривање на инциденти, што сериозно го наруши нејзиниот углед. Во обид да ги ублажи последиците, црквата исплатила стотици милиони долари како спогодби со жртвите.

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape