ПРВ.мк
Спорт

Во Шпанија три работи се сигурни: Данок, смрт и црвен картон за Барса од Манзано!

Во Шпанија три работи се сигурни: Данок, смрт и црвен картон за Барса од Манзано!

Во пресрет на „Ел Класико“ кој ќе се одигра следниот викенд, тензиите во шпанскиот фудбал повторно се разгоруваат – а судијата Хесус Хил Манзано повторно е во центарот на вниманието.

Контроверзиите се обновија по натпреварот меѓу Барселона и Џирона, кој Каталонците го добија со 2:1, но со многу полемики околу одлуките на главниот судија. Посебно внимание предизвика црвениот картон покажан на клупата на Барселона, што ќе резултира со тоа што тренерот Ханси Флик нема да го води тимот на наредниот дуел против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Мадридските медиуми бараат строга казна за Флик – дури и суспензија од 4 до 8 натпревари – поради бурната реакција по победничкиот гол на Роналд Араухо. Од друга страна, каталонските медиуми се бесни на Манзано и со иронија потсетуваат на неговата „традиција“ кога суди на Барса.

„Во Шпанија има три сигурни работи: ќе платиш данок, ќе умреш… и Манзано ќе покаже црвен картон на Барселона“, пишуваат тие, нагласувајќи дека Манзано досега има покажано дури 13 црвени картони на натпревари каде Барселона била еден од тимовите.

Ситуацијата дополнително го подгрева ривалството пред „Ел Класико“, кој и без тоа е натпревар што секогаш го дели фудбалска Шпанија. Без Флик на клупата, Барса ќе има дополнителен предизвик – и на теренот, и надвор од него.

Escape