ПРВ.мк
Магазин

Се омажи ќерката на Антонио Бандерас во волшебна венчаница: Трогателниот говор на славниот актер на свадбата

Се омажи ќерката на Антонио Бандерас во волшебна венчаница: Трогателниот говор на славниот актер на свадбата

Свадбата на Стела Бандерас беше семеен настан за паметење. Најблиските членови на семејството и пријателите се собраа заедно за да го прослават еден од најважните денови во животот на ќерката на славниот актер Антонио Бандерас и актерката Мелани Грифит. Емоциите беа видливи на секој чекор – гордите родители не ги криеле солзите радосници додека ја следеа својата ќерка до олтарот.

За време на самата церемонија, Антонио Бандерас го привлече вниманието на сите гости со трогателна здравица посветена на младенците. Во елегантен црн смокинг, актерот зрачеше со радост, додека Стела блескаше во романтична тантелна венчаница со волуменозни ракави. Младоженецот Алекс Грузински исто така беше беспрекорно елегантен во црн смокинг, а нивниот хармоничен изглед совршено го заокружи бајковитиот момент.

Нивната љубовна приказна има посебно значење – започнала уште во детството, кога биле пријатели од градинка. Во август 2024 година, Стела и Алекс ја објавија својата свршувачка на Инстаграм. Заедно со фотографии од детството и моменти од запросувањето, Стела ја сподели својата среќа за заедничката иднина со својот сакан маж. Алекс ѝ предложи брак на симболично место – во училиштето „Вагон Вил“ во Лос Анџелес, каде што се запознаа прв пат.

Мелани Грифит гордо ја сподели веста на својот профил, објавувајќи црно-бели фотографии од двојката и нагласувајќи дека нивната љубов е длабока и искрена. Во интервју за списанието „Пипл“ минатата година, Антонио Бандерас рече дека го познава Алекс уште од детството и дека многу ја цени нивната врска.

„Среќен сум што ја гледам среќата на Стела и што знам дека е покрај некој кого искрено го почитувам“, рече познатиот актер.

Алекс Грузински потекнува од уметничко семејство – неговиот татко е познат полски кинематографер кој имал значајна кариера во САД, соработувајќи со најголемите имиња во филмската индустрија. Самиот Алекс работел на филмски сетови некое време, но подоцна решил да се посвети на поддршка на уметници и креативци.

Escape