Ноа Томас, 19-годишен инфлуенсер, се најде во голема опасност кога, според видеата на неговиот ТикТок профил, прескокнал ограда и влегол во оградениот простор со слон во зоолошка градина. На снимките се гледа како слонот му се приближува со сурлата, а Томас со брз скок се повлекува наназад и успева да избегне да биде повреден.
По инцидентот, тој на Инстаграм се пофалил дека бил „речиси храна за слон“ и се нарекол „професионален прескокнувач на огради“, но објавата подоцна ја избришал.
Сега, Ноа Томас се соочува со обвиненија за кривични дела и прекршоци поради опасното однесување во зоолошката градина, што ги загрозило неговиот и животот на животното.