ПРВ.мк
Магазин

Мајката на деветорките од Мали блеска во ретки фотографии од бременоста со рекордни девет бебиња

Мајката на деветорките од Мали блеска во ретки фотографии од бременоста со рекордни девет бебиња

Халима Сисе, мајката што го обори светскиот рекорд со најмногу родени и преживеани деца од една бременост, неодамна го одбележа четвртото годишно од раѓањето на нејзините девет прекрасни деца — деветорките од Мали. Заедно со својот партнер Абделкадер Арби, таа на Инстаграм сподели емотивни и ретки фотографии од бременоста и раѓањето, проследени со топли зборови на благодарност кон сите што ги поддржуваат.

На фотографиите се прикажани моменти од болничкиот престој, каде Халима, видно бремена, лежи опуштена, како и посебни слики од секое новороденче, при што може да се забележи и официјалниот сертификат од Гинисовиот рекорд. Првично, лекарите мислеле дека носи седум бебиња, но по префрлувањето во специјализирана болница во Мароко, откриено е дека се девет.

На 4 мај 2021 година, Халима ги родила деветте бебиња по царски рез на 30 недели гестациска возраст, при што новороденчињата имале тежина од 0,5 до 1 килограм. Ова се првите деветорки во светот кои успешно преживеале по раѓањето, што им донело светски рекорд.

Покрај деветорките, семејството има и една ќерка, Арби, која денес има шест години. Халима и Абделкадер изразија длабока благодарност кон јавноста, лекарите и медицинските тимови кои го следат и поддржуваат нивниот неверојатен животен пат.

Escape