Ламин Јамал, 18-годишното чудо на Барселона, реши да започне да наплаќа за својот потпис преку специјализирана платформа за спортски сувенири. Овој потег предизвика поделба меѓу фановите – додека дел го поддржуваат со зборовите дека „секој труд има своја цена“, други сметаат дека славата прерано му ја замаглила љубовта кон играта.
Шпанските медиуми истакнуваат дека Јамал не е прв што го комерцијализирал својот автограм. Слични практики одамна применуваат англиски и италијански ѕвезди, чии потписи се дел од колекционерски пазари со строга контрола.