ПРВ.мк
Спорт

Време е Манасков да се врати во дресот на Македонија – повторно блеска на теренот

Време е Манасков да се врати во дресот на Македонија – повторно блеска на теренот

Дејан Манасков повторно е во форма која потсетува на неговите најдобри денови. Искусниот ракометар „лета“ по теренот, реализира со леснотија и повторно докажува дека е меѓу најдобрите леви крила во Европа. Против најсилните противници игра со самодоверба и ефикасност што ретко се гледа, потсетувајќи зошто низ кариерата ги носеше дресовите на гиганти како Рајн Некар Левен, Веспрем и двојниот европски шампион Вардар.

Во следните денови, селекторот Кирил Лазаров ќе го објави списокот за ЕХФ неделата, кога Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против Јапонија на 30 октомври и 1 ноември во Скопје. Се погласни се повиците Манасков да се најде на тој список – нешто што јавноста го очекува со нетрпение.

Време е сите недоразбирања да се остават зад себе. Репрезентацијата мора да биде над сè, а Македонија во моментов нема подобро лево крило од Манасков. Тој е играч со репрезентативен калибар, енергија и искуство што ѝ се неопходни на нашата селекција.

Escape